Српската пејачка Радмила Манојловиќ едвај чека да заврши карантинот и изолацијата. Таа не се чувствува пријатно и располжено.
Во интервју за скандал.рс пејачката открива што прави овие денови додека трае вонвредната состојба.
„Тажна сум, но не сакам многу да се жалам сигурно има луѓе на кои им е полошо. Јас сум на село со своето семејство и морам да кажам дека брзо ми поминува времето. Веќе 15 дена сум овде, имам многу време, готвам, но најдовме занимација и во друштвените игри, па времето брзо ни поминува“.
Неодамна во медиумите дека се појавија гласини Рада и Харис раскинале поради короната, односно дека Харис под притисок на неговите родители го напуштил станот каде живее со Манојловиќ и заминал во Босна и Херцеговина.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/rada-manojlovikj-i-haris-zaradi-koronavirusot-raskinaa-karantinot-site-gi-zblizuva-niv-zestoko-gi-skara-foto/
Меѓутоа, пејачката за скандал.рс откри која е вистината и каде се наоѓа Харис.
„Дали и тоа да го откријам? Еве, ќе ви кажам. И Харис е овде. Само немој сега да ми дојде некој папарацо со камера. Се надевам дека нема да дојдат, овде сите сме во акција, не има многу и затоа ја презедов одговорноста да готвам. Супер ни е, веќе две недели сме на селски режим и уживам во друштво на татко ми, играме друштвени игри, а тоа ме потсетува на детството“.
За потсетување, досега многупати се појавија гласини дека Харис и Рада раскинале, но сите овие шпекулации се покажаа како неточни.