По една ипол година пауза, естрадните уметници полека се враќаат на својата работа.
Пејачите за престојното лето закажаа настапи во Црна Гора, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија. Тие веруваат дека ќе бидат намалени корона мерките и дека ќе можат да работат.
Александра Пријовиќ, Наташа Беквалац, Дарко Лазиќ, Теодора Џехверовиќ, Јелена Розга, Катарина Грујиќ, Слоба Радановиќ и многу други ги закажаа своите настапи, а и покрај короната тие не ја намалија цената.
Како што пишува курир.рс, Пријовиќ и Розга од настап ќе земат по 12 000 евра, Беквалац и Лазиќ по 8 000 евра, за илјада евра помалку ќе настапува Слоба Радановиќ, цената на Џехверовиќ се движи од седум до девет илјади, Грујиќ својот настап го наплаќа од четири од пет илјади евра, во зависност каде настапува.
Летната сезона започнува после 20 јуни и ќе трае до крајот на септември.
И српската ѕвезда Лепа Брена започнува со работа, па така својот прв настап по короната го закажа во Бугарија. Нејзината цената за толку голем спектакл не изнесува под 25 000 евра.
Аца Лукас ќе пее во Нови Пазар а како што се пишува, тој за својот концерт ќе земе 15 000 евра.