Радио Милева

По една година Огњен Врањеш проговори за аферата со Карлеуша: „Се каам, а на Душко Тошиќ му се восхитувам“

По една година Огњен Врањеш проговори за аферата со Карлеуша: „Се каам, а на Душко Тошиќ му се восхитувам“

Пред еден месец се наполни една година од љубовната афера на Огњен Врањеш и Јелена Карлеуша, а оваа вест како бомба одекна во медиумите претходната година.

Имено, како што се пишуваше тогаш медиумите, наводно пејачката му праќала експлицитни фотографии на фудбалерот, но и дека заедно се гледале кога Душко не бил дома.

Карлеуша неколку пати ги демантираше овие пишувања, а Врањеш досега не даваше интервјуа на оваа тема.

Меѓутоа, во разговор за глоси.рс, Врањеш тврди дека се кае што бил во врска со српската пејачка.

„Секако дека се каам. Се срамам што запознав таква личност. Времето не може да го вратиме, но може да избришеме одредени личности од нашиот живот“ вели фудбалерот.

фото: Ана Паунковиќ/курир.рс

Што се случи меѓу вас?

„Од љубов до омраза линијата е тенка, а бидејќи веќе нема линија, се е јасно“.

Што мислиш за Душко Тошиќ?

„Му се восхитувам на тој човек што сите овие години успеа да ја издржи таа жена“.

На прашањето кога би се сретнал со Јелена, што ќе и каже, тој вели:

„Нема потреба да се видиме, таа има со кого да се гледа“.

Дали и понатаму ја сакаш Јелена?

„А кој вели дека некогаш сум ја сакал“ одговори Врањеш.

фото: Нема Николиќ/Владимир Шпорчиќ

Фудбалерот тврди дека купил накит од Цеца бидејќи парите оделе во хуманитарни цели, а дека фолк дивата му пеела на роденден бидејќи ги сака нејзините песни.

На прашањето зошто се откажал од тужбите против Јелена, Огњен вели:

„Видовте колку го почитува судот, а јас немам време за будалаштини и да се гонам пет години. Таа својот живот го посвети на судови и тужби. Од друга страна, за што ме суди? Доби реклама каква нема да добие за 14 животи“.

По аферата, Врањеш се разведе од сопругата Даниела со која има ќерка, а сега откри каков им е односот.

„Совршен. За неа сум тука што и да и потреба. Она е прекрасна жена и мајка“ вели фудбалерот.

Тој истакна дека моментално е слободен.

За потсетување, по аферата Огњен – Тошиќ се шпекулираше дека Карлеуша и Душко се разведуваат, но тоа остана само на шпекулации.

To top