Радио Милева Среќата повеќе не може да ја крие

По девет години Џенифер Лопез ја сподели радосната вест, сите и честитаат (фото)

По девет години Џенифер Лопез ја сподели радосната вест, сите и честитаат (фото)

Откако му даде втора шанса на Бен Афлек и повторно застана на лудиот камен, Џенифер Лопез повторно ги израдува своите фанови со убави вести.

Познатата пејачка потпиша договор со продуцентската куќа BMG која ќе го објави нејзиниот нов албум наречен „This Is Me… Now“.

Среќата на Џенифер Лопез е неизмерна, а таа нетрпеливо чека да види каква ќе биде реакцијата на публиката на тринаесетте нови песни во кои вложи труд, време и сета своја љубов.

„This Is Me… Now“ ќе биде нејзиниот прв студиски албум како соло пејачка по девет години и албумот A.K.A. кој беше објавен во 2014 година од продуцентската куќа Capitol Records.

– Возбудени сме поради можноста да соработуваме со Џенифер и нејзиниот тим на објавувањето на првиот албум по речиси девет години – изјави Томас Косфелд, извршен директор на BMG.

– И двајцата сме возбудени и горди што станавме деловни партнери со Џенифер Лопез на ова долгоочекувано продолжение на нејзината кариера.

Јасно напишано со љубов и преку искуство, „Ова сум јас..Сега“ воздигнува и инспирира. Џени се врати во момент од кариерата кога нејзината порака е поголема од кога било – вели претседателот на BMG.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Профимедиа

To top