Пејачката Александра Младеновиќ истакна дека нејзините родители се особено горди на нејзината посветена работа и самостојност.
-Имав поддршка само од пријателите и семејството, тоа го сметам за мој најголем успех и најголема победа. Сè постигнав со работа и труд, а секако и моите родители се горди. истакна Александра.
Младеновиќ многу често ги посетува родителите во родното место.
-Го сакам мојот роден град, им помагам на родителите дома, секогаш со задоволство одам во родното село. Тоа никогаш нема да се промени.
View this post on Instagram
Многу колешки на Александра имаат закажано концерти за оваа година, а сите се прашуваа дали и таа го сака истото.
– Концертот е секако голема работа. Им честитам на сите што се осмелуваат да направат концерт, ја имаат мојата поддршка. Не следам трендови, секогаш сум своја и кога ќе помислам дека е време, ќе направам голем концерт. Сето ова чини многу, а јас самата инвестирам во кариерата без никакво спонзорство. Морам да кажам дека банкротирав по албумот, изјави Александра.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Александра Младеновиќ