Пејачката Доли Партон (75) првпат објави фотографија со сопругот Карл Дин за кој јавноста не знае ништо 55 години.
Доли и нејзиниот сопруг на фотографијата се млади.
-Пронајдете партнер кој ќе ве поддржува како што Карл Дин ме поддржува мене, напиша Дол под фотографијата.
„Мојот животен план е да бидам како Доли Партон и јавно да не го откривам својот сопруг додека не бидеме 55 години во брак“; „Маестрален потег на Доли Партон“, се само некои од коментарите кои може да се прочитаат под објавата.
Парот е во брак 55 години, а бидејќи партнерот и брачниот живот Доли го штитеше од очите на јавноста, луѓето правеа теории на завера дека можеби нејзиниот сопруг не постои.
фото: тањуг/ап/инстаграм