Радио Милева пред развод?

По 22 години заеднички живот, „се тресе“ бракот на Синди Крафорд?

По 22 години заеднички живот, „се тресе“ бракот на Синди Крафорд?

Супермоделот Синди Крафорд и нејзиниот четири години помлад сопруг Ренди Гребер се во брак 22 години, а наводно сега нивниот брак „се тресе“ пишува магазинот „Life&Style“.

Имено, парот неодамна својата вила на Беверли Хилс ја стави на продажба, а извор близок на двојката изјави дека тоа е знак дека нивниот однос е напнат и дека сакаат да започнат да живеат одделно.

фото: сторѕ.хр

– Долго време целото нивно внимание беше свртено на децата, но сега кога тие се возрасни, им станува сè појасно колку малку заедничко имаат. Дури и за време на затворањето поради пандемијата, Ренди помина повеќе време со својот стар пријател  Џорџ Клуни отколку со Синди – открива изворот.

Извор на парот вели дека Ренди повеќе не ја поканува Синди на нивните собири и дека последните месеци таа обично седи сама дома секоја вечер, а тој се враќа само во раните утрински часови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

Кулминација на драмата дошло кога тие решиле да заминат на одмор во Мексико и да работат на нивната врска таму или да се одлучат да го прекинат бракот.

Наводно, тврди изворот, двајцата успеале да разговараат таму и да разговараат за тоа што ги мачи, па нивните пријатели се надеваат дека сепак ќе можат да ги надминат проблемите.

To top