Радио Милева

По 12 – годишна врска се сврши во февруари: Филип Божиновски ги откри сите детали за свадбата!

По 12 – годишна врска се сврши во февруари: Филип Божиновски ги откри сите детали за свадбата!

Првпат се појави на сцената на Гранд во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде што уште со првиот настап со песна од Здравко Чолиќ ја освои публиката и беше еден од фаворитите.

Филип стигна до самото финале, но не успеа да победи. Но, и покрај тоа тој важеше за еден од подобрите вокали кои не претставуваше во „Ѕвездите на Гранд“.

https://www.youtube.com/watch?v=zs4LlJp-NW0

Освен на професионален план, Филип е среќен и исполнет и на приватен план.

Инаку, во февруари по 12 – годишна врска тој ја побара својата сакана за сопруга.

Филип истакна дека одлучил тоа да биде на „Денот на вљубените“ бидејќи во март полнеле 12 години заедно, па сите очекувале запросувањето да биде тогаш, но Филип ја изнененадил својата партнерка еден месец пред тоа.

Филип за ТВ1 ги откри сите детали за свадбата, па откри дека првата песна ќе ја пее тој.

Тој објасни дека ресторанот, музиката, студиото веќе се договорени, но дека има уште многу детали.

фото: Фејсбук

„Јас одлучив да не и се мешам во изборот на веначница. Исто така таа нема да ми се меша во мојот избор на одело“ изјави Филип.

Инаку, свадбата на Филип и Сања е закажена за 30 септември.

фото: Фејсбук

To top