По „1000 песни“ и „Врати се“ македонското трио „2BE“ има нова, трета по ред авторска песна. Паузата од речиси една година ја искористиле за да ги впрегнат сите сили во својата креативност, а како резултат на тоа е нивната нова тема насловена „Илјада ѕвезди“, која е комплетно заедничко авторско дело на триото.
Музиката текстот и аранжманот ги потпишуваат неговите челенови: Тино и Љупче Стојановски и Синиша Зукиќ.
Песната е визуелизирана со интересно лирик видео, креирано во домашни услови заради корона пандемијата, но сепак многу симпатично и функционално, кое целосно кореспондира со содржината на стиховите.