Жерар Пике (36) планира јавно да ја објави својата веридба со девојката Клара Чиа Марти (24), а потоа ќе се одржи и свадбена церемонија, пренесува „Daily Mail“.
Извор близок до парот истакнал дека двајцата планираат да „застанат на лудиот камен“, а тоа ќе го направат во рок од еден месец. Ваквата вест ја пренесоа сите шпански медиуми.
„Жерар и Клара ќе се венчаат“, изјавил неименуван извор за шпанските медиуми и додал: „Убавите вести јавно ќе ги објават на 24-ти јуни. Тоа е посебен ден за Пике бидејќи неговиот брат Марк ќе се венча со својата љубов од детството, Марија“.
За потсетување, Жерар ја започнал својата љубовна афера со Клара во 2021 година, а набрзо потоа таа започнала да го посетува заедничкиот дом на фудбалерот и колумбиската пејачка.
„Шакира често патуваше, а тој ја доведуваше Клара во нивниот дом. Беше во шок откако дозна дека ја изневерува многу подолго отколку што таа мислеше“, изјавил извор.
Жерар и Шакира никогаш не беа во брачен однос, бидејќи како што изјави пејачката во една прилика, формалниот брак ја плаши.
„Не сакам да се мажам. Искрено, бракот ме плаши. Не сакам Жерар да ме гледа како своја сопруга, туку повеќе како девојка, љубовница. Таа страст ми е важна, тоа е како забрането овошје. Повеќе сакам да мисли дека сè е можно во зависност од неговото однесување“, објасни Шакира во една прилика.
Шакира и Пике заедно ги имаат синовите Милан и Саша.
фото:Инстаграм принтскрин/Твитер