Бебето Алба, ќерката на Хана Хуљиќ (31) и Петар Граш (46), дојде на свет на 17 јули и внесе сосема нова димензија во нивниот живот.
Ќерката на Тончи Хуљиќ за хрватските медиуми откри дали во бракот се е како што треба меѓу тазе венчаните родители.
‒ Ми се допаѓа улогата на мама. Добро сум. Сега малку ја смирувам затоа што има грчеви. Се обидувам да ја заспијам – низ смеа вели Хана за „24сата.хр“ зборува за својата ќерка и се навраќа на насловите и написите во весниците за неа и Петар, кои се појавуваат речиси секој ден.
‒ Секој ден читам нешто ново за мене и Петар, па престанав да реагирам‒ вели тазе венчаната сопруга на популарниот пејач, коментирајќи и наведувајќи дека наесен наводно ќе направат уште една, поголема свадбена веселба.
‒ Искрено, веќе не знам од каде доаѓаат тие зборови. Не планираме уште една свадба – изјави таа.