Радио Милева знае каде да „упадне“...

Петар Грашо и Данијела не се веќе заедно, а новата девојка на пејачот е ќерка на најпознатиот хрватски хитмејкер (ФОТО)

Петар Грашо и Данијела не се веќе заедно, а новата девојка на пејачот е ќерка на најпознатиот хрватски хитмејкер (ФОТО)

Веста дека врската помеѓу Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ пропадна по 24 години, пред неколку месеци ја изненади јавноста, а веста за новата девојка на хрватскиот заводник шокираше уште повеќе од тоа.


Според хрватските медиуми, новата девојка на Петра Грашо е четиринаесет години помладата  Хана Хуљиќ, а според презимето веќе погодуварте дека се работи за ќерката на познатиот музичар и композитор, но и неговиот голем пријател и соработник Тончи Хуљиќ.

Иако извор близок до пејачката ја потврди оваа вест за хрватските медиуми, Хана и Петар се’ уште не се огласиле во јавноста.

Да потсетиме, Петар и Данијела се запознаа во 1995 година во Дора во Опатија, а две години подоцна започнаа љубовна врска.

 

Мартина Подгорски, задолжена за комуникација со медиумите во тимот на Грашо, потврди дека Петар и Данијела повеќе не се заедно.

„Вистина е дека Данијела и Петар последниве месеци живееа на одделни адреси, како заради деловни, така и од одредени лични причини“ – рече Мартина.

Фото: Инстаграм принтскрин/petargrasoofficial/toncihuljic_official/hana.huljic

To top