Секое лето како по правило е создадено за провокативна модна ревија во луксузните ресорти од жешки бикини и врелите облини на Јелена Карлеуша.
Српската пејачка како да има модна агенда што ќе им „сервира“ на своите следбеници и обожаватели на социјалните мрежи, а никогаш не е уморна од перверзните модели кои премногу откриваат од нејзините најсилни атрибути.
Силиконскиот задник и гради, кипат од секој модел, што особено е празник за очи за посилниот пол, додека дамите не ретко знаат да искоментираат дека е безобразна и не и доликува да изгледа така како мајка на две ќерки.
Но, Карлеуша не ја „боли уво“ кој што ќе каже на сметка на нејзиното однесување и изгледот, па си тера по свое.
Се навративме неколку години наназад од профилот на пејачката, а таму има што да се види.
Голотијата секако е присутна, но и неколку изненадувачки фотографии на кои Јелена е во „домаќински“ модели на костими за капење.
Од ова може да се заклучи дека скандалозната дива изгледа чудно во вакви изданија, а не кога ги носи костимите како од филмовите за возрасни.
Веројатно сите навикнавме на нејзината провокација од која токму кога помислуваме дека ништо не и преостана, таа шокира со нова голотија „спакувана“ на нејзин – дрзок и брутален начин.
фото:инсатграм/јеленакарлеуша