Очекував околу 60.000 гласови добив нешто над 20.000 . Причина за тоа беше слабата излезност. Јас сметав дека излезноста ќе биде над 65 посто, вели кандидатот за градоначалник на Скопје, Петар Георгиевски-Камиказа во интервјуто за „Република“.
Тој вели дека на средбите со граѓаните се изнанадил што многу луѓе не го знаат иако тој сметал дека со целиот негов ангажан, посебно со групата „Меморија“ дека сите го знаат, но не излегло така. Сепак, вели, тој е горд дека од овие избори излегол без ниту едена дамка и со чист образ.
Тој објаснувал дека било трик и спин изјавата дека ќе гласа за Шилегов и дека на тој начин успеал повеќе да го има во медиумите.
За досегашниот градоначалник на Скопје се уште тврди дека е „крадоначалник“ и оти ќе заврши таму каде што му е местото.
„Овие избори за него се да се биде или не. Ако остане градоначалник, а тоа е еден процент, шанса има да не оди каде што има карта за во еден правец.Таму каде што ќе оди нема лифт, туку ќе можат дневен оброк да ви носат од дома ако сакате да јадете нешто поквалитено“ – вели Перо.
Камиказа за Шилегов вели дека ментално и психички е многу далеку од квалитетите на Бени Шаќири и на Тортевски кои се негови големи пријатели.
Георгиевски вели дека не може на неговите гласачи да им каже за кого да го дадат гласот, но дека е јасно против кого била усмерена изборната кампања изминатите денови и оти од тоа граѓаните сами можат да извлечат заклучок.
„Јас само знам за кого не би гласал, а тоа е за Шилегов. Но, не можете на овие 21.000 освестени луѓе да им кажете за да гласаат. Ја навредувате нивната интелегенција. Но,еве им порачувам: Да не гласате за Шилегов“ – порачува Камиказа.
Целото интервју можете да го прочитате во РЕПУБЛИКА.