Тој е еден од најдобрите и најпознатите македонски кошаркари на сите времиња. Некогашен играч на „Работнички“, „Црвена Ѕвезда“, „АЕК“, „Олимпијакос“, „Фенербахче“… подоцна првата македонска НБА ѕвезда како играч на тимот на „Атланта Хоукс“. Во моментов Перо Антиќ е се’ уште и актуелен претседател на КФМ – Кошаркарската федерација на Македонија.
Градски урбан лик, кој никогаш не престанал да биде актуелен и ексклузивен. Скапите коли и убавите жени велет, отсекогаш му биле слабост. По разводот со неговата сопруга Ружица, неговиот приватен живот е постојано во фокусот на јавноста.
Сите сакаат да дознаат со кого Перо ги дели емоциите и интимата, која градска позната или непозната девојка му е во прегратки.
Интересот за неговата приватност особено порасна за време на врската со светски познатата македонска манекенка и модел, Катарина Ивановска, која во меѓувреме исто така се разведе, односно го напушти заедничкото живеење со својот невенчан сопруг.
На почетокот од годината таа и Перо ја раскина врскатаа за тоа нешто Антиќ говори малку повеќе од вообичаеното:
„Секој прави грешки во животот, така што треба да се учи од грешките… За мене кога ќе си со некој во врска, треба да сте вие двајца и да нема попатни уште сто луѓе во таа врска. Но, ништо не е грешка во животот, се е школа. Ако ја повторам таа грешка, ќе биде грешка“ – вели Антиќ и потврдува дека е повторно заљубен и во врска, но не откри со кого, иако јавноста веќе некое време шпекулира дека негова нова девојка е .
За кариерата и кошарката во Македонија, за својот приватен живот и неговите растежи и падови, за промашените и успешните врски… Перо Антиќ говори одговарајќи на прашања, седнат на „Жешко столче“ во уште еден подкаст на неговиот домаќин и наш Интернет соработник, Никола Трпковски.