Македонскиот пејач Никола Перевски Пере од Нокаут во номеври претходната година по трет пат стана татко.
Имено, тој и неговата избраничка Јована добија ќерка за која го одбраа името Софиа. Отогаш целото нивно време и внимание е насочено токму кон најновиот член на нивното семејство.
Пере често знае на социјалните мрежи да сподели некоја заедничка фотографија со наследничката и да покаже како го поминуваат времето.
Меѓутоа, тој овојпат имаше посебен повод за славење. Имено, наслединчката наполни една година.
По тој повод, мама и тато на малата Софиа направија мала роденденка забава, а тоа го документираа со неколку фотографии на социјалните мрежи.
На едната фотографија, Пере позираше заедно со сопругата и наследничката, а пред нив е и роденденската торта.
Нема сомнеж дека уживале во убавото друштво ,а Пере преку социјалните мрежи се заблагодари за прекрасниот ден.
Инаку, Пере од првиот брак веќе ги имаат ќерките Михаела (21) и помалата ќерка Каја (13).
фото: инстаграм/пере нокаут