Пејачот Никола Перевски, Пере од Нокаут при крајот на ноември претходната година стана татко по трети пат и ја доби ќерката Софиа.
Тогаш радосните вести ги сподели неговиот брат, кој откри дека станала чичко, а потоа и Пере ја објави првата фотографија со новиот член во семејството.
Пејачот ужива во заедничките моменти со неговата наследничка овекувачувајќи ги со заеднички фотографии, а некои од нив ги споделува на социјалните мрежи.

Така, овој пат, Пере сподели фотографија со Софиа држејќи ја во прегратка и покажа колку потпораснала седумечената ќерка.

Под објавата се нижеа коментари, а меѓу нив се најде и оној на Тијана Дапевиќ која напиша: „Софкааа, љубов“, како и на Илина Арсова: Големо бебе.

Потсетуваме, Пере веќе ги има ќерките Михаела (21) и помалата ќерка Каја (13) од првиот брак со ТВ новинарката во МТВ Александра Спировска.