Познатиот македонски музичар Никола Перевски Пере ја загуби мајка си.
Вчеравечер преку својот профил на Фејсбук Пере објави дека почина жената од која научил што значи вистинска љубов и преку своето обраќање сакаше јавно да го сподели своето последно збогум со мајка си.
Денес, срцето ми е тешко додека се збогувам со жената која ме научи на вистинското
значење на љубовта.
Мамо,додека не се сретнеме повторно,
го носам твоето срце во моето,
секогаш и засекогаш.
Слава ти…
Твојот син Никола со семејството, напиша Пере кој објави заедничка фотографија од деновите кои заедно со спомените ќе останат засекогаш.
Редакцијата на Вистина изразува сочувство до семејството.
фото:Facebook/ Nikola Perevski