По речиси цела година од анимираниот спот „Не си со сите“, Пајак и компанија од рок дружината „Пеперминт“ имаат нова песна и видео. „Понеделник, е одамна го чекам понеделник! Е денес да беше понеделник“, пеат членовите бендот во својата нова песна со едноставен наслов – „Понеделник“.
Станува збор за уште една препознатлива тема во проверениот и добро познат поп-рок манир на бендот, а визуелизирана со видеозапис, во кој членовите на групата пеат возејќи се со велосипеди низ маалските сокаци.
Идејата за реализацијата на видеото е на лидерот на бендот Горан Трифуновски – Пајак, директор на фотографија бил Душко Аврамовски, додека асистент на камера – Бојан Ефремовски.
До следното музичко парче од „Пеперминт“, уживајте во нивниот музички „Понеделник“.