Промотер

Пепа Димитрова со предновогодишен видеоподарок за љубителите на македонска музика – „Со тебе немам сон“ (ВИДЕО)

Пепа Димитрова со предновогодишен видеоподарок за љубителите на македонска музика – „Со тебе немам сон“ (ВИДЕО)

Македонската поп пејачка Пепа Димитрова денес, среда 22 декември 2021 година промовираше нова песна и видеоспот за истата.

Песната насловена „Со тебе немам сон” за која музиката и текстот ги напишала Весна Малинова, аранжманот го направил Владимир Дојчиновски – Дојчин. Спотот го потпишува проверениот уметнички фотограф и режисер на видео спотови, Зоран Стојановски – Зонде.

„Се работи за модерна песна, со побрз ритам, а видеото ја следи приказната во песната. Се одлучивме за поартистичен видео пристап кој мислам дека ќе ја освои публикатата. Посебно ме радува што промоцијата се случува пред Новогодишните и Божиќните празници, бидејќи тоа е период во кој сите ние повеќе одмараме, се дружиме, си даваме себеси повеќе слободно време за уживање, а тоа секогаш е придружено со добра музика.

Се надевам дека изборот на слушателите ќе биде македонска музика и би била среќна доколку  и мојата ‘Со тебе немам сон’, се најде на нечија омилена плејлиста“ – изјави Пепа Димитрова по повод промоцијата на нејзиното најново музичко и видео остварување.

Песната „Со тебе немам сон”, како и претходните две, “Длабоко” и “Студени очи”, ќе бидат дел од првиот албум на оваа македонска пејачка кој ќе се појави во текот на следната 2022 година.

Дотогаш уживајте во остварувањето на своите соништа во Новата Година со… „Со тебе немам сон“ на Пепа Димитрова.

To top