Младата и талентирана пејачка Теодора Трајковска, или само Теа како што ја познаваат, претстави акустична верзија од својата последна песна „Пекол“, кој го објави во октомври минатата година.
И двете песни се авторски дела на братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски, а за одличните акустични изведби Теа ја придружуваа колегите Неврус Бајрам на гитара и Дејан Митровиќ на бас-гитара, сето тоа снимено како црно-бело домашно видео од страна на Нино Спиркоски.
Погледнете го видеото и слушнете како звучи „пеколот“ на Теа во собна анплагд варијанта: