Српскиот пејач Жеjко Шашиќ ја поминал ноќта во јавна куќа во Виена. Пејачот и неговиот музичар што го придружува на настапите дошле во Виена каде наводно го посетиле познтиот бордел.
Наводно, пејачот е чест гостин и хостесите добро го познаваат, па им било драго што одново го гледаат.
“Жељко дојде во Виена со својот музичар минатата недела да договара свирка. Откако го завршија деловниот дел, разговараа со уште двајца пријатели кои живеат овде и отидоа во елитен ноќен клуб, кој е познат по скапите забави со девојки стриптизети“ – вели извор од Виена, додавајќи дека воопшто не изненадува Шашиќ да го посети овој елитен бордел, бидејќи тој е нивен чест гостин.
„Шашиќ често доаѓа и неговите добри познанички, т.е. забавувачките, секогаш се воодушевени кога го гледаат. Тие ќе го замолат прво да им пее, па потоа да го забавуваат. Овој пат ја мина целата ноќ, но што точно се случува зад затворените врати не можам да кажам затоа што никој не може тоа да го знае.
Безбедноста е на највисоко ниво и им се гарантира дискреционо право на гостите. Кога малку се распрашувавме за овој ноќен клуб во центарот на Виена, дознавме дека луѓето не одат таму јадат или пијат, туку да се забавуваат со девојките што им се достапни 24/7.