Радио Милева снежно свадбен викенд

Пејачот Стефан Величковски и водителката Ана Николовска направија свадбена веселба: „Тебе те чувам за крај, љубов моја“ (ФОТО)

Пејачот Стефан Величковски и водителката Ана Николовска направија свадбена веселба: „Тебе те чувам за крај, љубов моја“ (ФОТО)

Иако во прв момент се чинеше дека свадба нема да има, сепак снежниот мартовски викинд што измина, пејачот Стефан Величковски и ТВ водителката Ана Николовска правеа свадбена веселба во еден скопски локал.

Невестата како што е редот, во долга бела венчаница, со свадбено венче во косата, младоженецот стокмен во свечен костум, а прославата во присуство на најблиските,  роднините, другарите, пријателите, дел од колегите…

Од кои оној најблискиот, музичарот Рашо Радоњиќ и неговата сопруга – кумови!

Свадбата весела како што доликува, гостите расположени, музиката на висината на задачата…

Сепак, можеби највпечатливиот момент – свадбениот танц на младенците.  Кога еден пејач се жени, очекувано е младоженецот да се фати за микрофонот и да запее.

Стефан меѓудругото, токму тој момент од свадбениот ден го направи величествен. И себе си, и на неговата сопруга Ана, но и на сите присутни на свадбата. Волшебен моменет кој ќе го паметат цел живот.

Имено Стефан и Ана не само што го отанцуваа всдбениот танвц на младенците, туку младоженецот беше тој што ја изведе свадбената песна. Додека танцуваа на подиумот, Стефан на Ана „на увце“ и ја пееше баладата „тебе чувам за крај“ од Здравко Чолиќ.

Зошто токму на таа песна паднал изборот, дали можеби и е омилена на невестата или има некаква друа спосебна симболика за обајцата, само младоженците си знаат!

Сепак дека не е случајно избрана зборува не само одличната изведба на Стефан, туку и пораката со истиот тејст на својот Фејсбук покрај заедничката фотографија на младите: „тебе те чувам за за крај“!

Вистина.ком.мк им посакува многу брачна среќа, да бидат вечни и многудетни!

Инаку, откако лани во октомври на романтичен викенд во Истанбул ја запроси, кон крајот на јануари годинава македонскиот пејач и учесник во „Ѕведите на Гранд“, Стефан Величковски и ТВ водителката Ана Николовска ја озаконија својата врска во брак, ставајќи потпис во матично.

Со тоа и официјално пејачот и водителкта станаа брачни сопружници, маж и жена кои тукушто впловиле во брачните води…

Арно ама брачна заедница, особено ако си дел од јавниот живот и естрадата, како што се покажа, без свадбна веселба не бидува!

Фото: Фејсбук принтскрин/Ana Nikolovska/Stefan Velickovski

 

To top