Радио Милева

Пејачот се бори со опасната болест: Оливер Драгоевиќ за прв пат излезе на бина и запеа! (ВИДЕО)

Пејачот се бори со опасната болест: Оливер Драгоевиќ за прв пат излезе на бина и запеа! (ВИДЕО)

Оливер Драгоевиќ (69) го исполни своето ветување и се појави во Сплит на хуманитарниот концерт „Верувај во љубов“. Ова е прв пат Оливер да се појави во јавност, откако му е дијагностициран тумор.

Кога Оливер излегол на сцената, сите присутни во салата станале и го поздравиле со аплауз, а тој ја запеал песната „Кључ живота“.

Оливер цело време ги пеел своите хитови, а во еден момент и се пошегувал на сопствена сметка:

Мене докторот ми кажа дека морам да мислам на здравјето, па затоа ќе скратам, и рекол на публиката.

Пејачот бил воодушевен од реакцијата на публиката цела вечер, па во еден момент им се обратил со зборовите:

Ако некогаш ми требала помош, тоа е вечерва. Со вас тоа ќе биде многу полесно.

Два и пол часа колку што траел концертот, публиката знаела колку сила му е потребна за пеење, бидејќи започнал со хемотерапија, па секоја негова песна ја наградиле со аплауз.

A post shared by @kataridn on

 

 

 

To top