Полициските службеници од ПС Бугојно успешно го расветлија убиството што го извршил 26-годишен возач. Возачот со својот автомобил усмртил пешак, а потоа избегал од местото на несреќата.
Како што дознава порталот „Аваз“, уапсениот млад човек е пејачот Махир Петровиќ, поранешен учесник на „Ѕвездите на Гранд“. Потсетуваме, на 31.07.2023 година во полициската станица била пријавена сообраќајна незгода во која загинал пешакот Ј.Б., додека возачот на патничко моторно возило побегнал од местото на несреќата.
Преку оперативно работење на терен полициските службеници од ПС Бугојно дошле до сознание дека за сторено кривично дело осомничен е М.П., роден 1997 година, од Горњи Вакуф-Ускопље, кој управувал патничко моторно возило „Ауди“ во времето на сообраќајната незгода, се наведува во соопштението на полицијата.
фото: Инстаграм принтскрин