Радио Милева слатко искуство

Пејачот на „Гранд“ на 42 години стана дедо и тоа по третпат (фото)

Пејачот на „Гранд“ на 42 години стана дедо и тоа по третпат (фото)

Еден од омилените учесници на третата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, Слободан Батјаревиќ Цобе, на 42-годишна возраст по третпат стана дедо.

За Гранд пејачот ја потврди радосната вест и откри дека неговиот син Небојша вчера добил втора наследничка на која родителите и го дале името Елиса.

– Дедо по третпат, што да ти кажам… Добивме големо девојче, долго е 54 см и тежи 4,5 килограми. Нека ни е жива и здрава – вели Цобе за Гранд.

– Прекрасно е чувството да се биде дедо, секогаш кога ќе добијам внука се радувам како никогаш досега. Би сакал да пречекам уште многу внуци, а како што гледам ќе има, само ако се прошири семејството. Кога бев помал, т.е. кога имав 20 години, сите велеа дека внуците се сакаат повеќе од децата, фала богу, од син ми дојдоа две внуки, Ана и Елиса, а од ќерка ми Слаѓана имам внук Диего, моето најубавото момче. И можам да ви кажам, внуците навистина се сакаат повеќе од децата. Па, убаво е чувството, исполнет сум во секоја смисла – вели пејачот.

Самиот пејач се ожени млад, кога имаше 18 години.

-Нема да бидам дедо, ќе бидам дедичко (се смее), тоа е послатко – вели тој, а пренесува Еспресо.

фото:Принтскрин/Ало.рс

To top