Пејачот Бобан Рајовиќ пред неколку години ја купи луксузната куќа од колешката Драгана Мирковиќ во Сењак.
Пејачот сега ја отворил вратата од својот дом и открил дека за вилата платил 300.000 долари, а за нејзино опремување потрошил 200.000 долари.
„Вложивме многу пари во реновирање на куќата, но и во опремување. Најважно ми е да се чувствува семејната атмосфера и топлина“, рече Бобан.
„Она на што сум особено горд е аквариумот во кој сум целосно заљубен. Кога мајка ми дојде да не посети и го виде тој ѕид, реагираше исто како вие, само кажа една интересна и смешна реченица: „Па, синко, тоа се златни ѕидови. Ова го нема ни Милан Ѓукановиќ!“, рекол фолкерот.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Бобан Рајовиќ/Зоран Илиќ
Фото: Принтскрин/