Радио Милева
„Моја крв“

Пејачките Сузана Гавазова и Сани Гроздановска гордо се пофалија со своите сестри – еве колку си личат една со друга (фото)

Пејачките Сузана Гавазова и Сани Гроздановска гордо се пофалија со своите сестри – еве колку си личат една со друга (фото)
фото:сани гроздановска/сузана гавазова/инстаграм принтскрин

Фолк пејачката Сузана Гавазова откако ја промени својата адреса на живееење, па од далечната Шведска реши да си се врати дома, во родната Македонија  заедно со сопругот и двете ќеркички.

Таа сега почесто може да го гледа семејството, мајка си, татка си и сестрата, како и останатите блиски роднини, пријтели, колеги …

Секогаш кога смејството има причина за некоја прослава сите се тука, а семејните фотографии се чувари и на семејните спомени. Овековечени, па споделени на Инстаграм за моментот да им го приближи и на своите обожаватели и следбеници.

-Моја сестра,моја крв, напиша Гавазова за фотографијата со сестра си, а од приложеното може да се види дека физички се доста слични.

И колешката на Сузе, фолк пејачката Сања Грозданивска или попозната како Сани, исто така позираше со својата сестра и ја претстави пред своите следбеници и обожаватели.

Двете кумановки исто така прилично си личат, но и се неразделни и голема поддршка една на друга. И во арно и во лошо, личноста што секогаш е тука се вика – сестра!

Така некако  Сани ја опиша заедничката фотографија со својата сестра, а оние што имаат сестра во својот живот добро знаат каква е поврзаноста и колку е силна таа семејна безусловна и безрезервна љубов.

Останати вести од Радио Милева