Албанската пејачка од Македонија, Аделина Тахири важи за една од најзгодините, најсексапилните, најпопуларните и најбараните… Ништо од сето ова не се промени и по нејзината мажачка, кога пред неколку години вплови во брачните води со познатиот скопски адвокат, Серијожа Марков, а набргу потоа го добија и синчето Јон. Напротив, русокосата само го зголеми сопствениот луксуз во облекувањето, изгледот, имиџот, уредувањето на домот, животот воопшто… И кога нема и кога има повод за тоа! А овој пат и тоа како имаше.
Имено, Аделина славеше роденден. Како што налага бон-тонот, на дамите не им се бројат годините, ама затоа им се бројат подароците. Особено ако и самите се пофалат со онашто го добиле за „денот што го чекаме цела година“, икао годината, како и ланската – не е баш и нешто. Затоа, впрочем како и лани, така и оваа година својот роденден Аделина го славеше дома. Навидум во четири ѕида, но со соба полна со 30-40, 50 балони во нејзините омилени бои – кајсија, бела и златна. Во кои е луксузно уреден и ентериерот на целиот нејзин дом.
А кога сме кај домот и кога веќе мора да сме дома, па дури и за најсвечените прилики заради познатите неприлики со коронапандемијата, тоа не значи дека помала треба да биде и еуфоријата.
Ем бројката е округла, па се ситни нова декада од животот, ем денот е добар повод за малку повеќе радост, насмевки, среќа, домашна забава… Та била таа и роденденска „пижама парти“.
И тоа во пижами, ( белким и тоа под нив е) од „Викторија сикрит“. Тајната на Викторија ја знаат сите, а тајната на Аделина ја знае само… адвокатот, кој навистина се потрудил барем материјално да и го разубави денот.
Покрај прекрасно подготвениот роденденски декор, следниот чекор – подароците и то не било какви. Луксузни и скапи, меѓу кои доминира златниот часовник од најпознатиот светски бренд.
Пижамите, големиот кадифен мечок, икебаната со цвеќе и убавите колачи, се само дополнување на роденденското радување на Аделина, кое се надеваме дека не завршило само со поглед на новиот часовник и констатација: „Време е за спиење“.
Всушност, комбинацијата на пижами и часовник многу подобро звучи во корелација со „скриен повик“: „Време е да си… легнеме“! Останатото е во доменот на… „Аделина сикрет“!
А за оние на кои не им е баш право како живее, за мрчаторите и хејтерите на социјалните мрежи, Аделина испрати гестикуларна порака која сметаше дека најмногу и лежи: Среден прст! Високо кренат и цврст!
Гестот на пејачката можеби не може да се опише баш бајковито, но затоа најдобро се разбира ако го погледнете сликовито!
Фото: Инстаграм принтскрин/adelina_tahiri1