Радио Милева
трперлива и љубезна

Пејачката „уловена“ од папарацо камерите – вака се однесува Лепа Брена кога и приоѓаат обожавателите (видео)

Пејачката „уловена“ од  папарацо камерите – вака се однесува Лепа Брена кога и приоѓаат обожавателите (видео)

Папараците ја следеа познатата пејачка Лепа Брена додека таа си ги вршеше обврските и ја  фотографираа со кого го поминува времето и како се однесува со обожавателите кои и приоѓаат.

Имено, Лепа Брена прво посетила една зграда во кој се наоѓа салон каде оди на третмани. После тоа, фолк ѕвездата ја пресретнал возач, кој со автомобил ја однел до трговскиот центар во главниот град.

Таму таа го сретнала  Филип Живојиновиќ, синот на нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ од првиот брак, со кој прво отишла во неколку продавници, а потоа седнала во кафуле, каде што им се придружиле две пријателки. Во меѓувреме пристигнал и Боба Живојиновиќ, што го снимија камерите на „Папарацо лов“, а потоа заедно влегле во продавница.

Брена и Боба подоцна се сретнале со синот Виктор Живојиновиќ, а пејачката на пат кон дома морала да застане на менувачницата, додека секогаш кога и приоѓале обожавателите, таа трпеливо се фотографирала со нив и разменувала по неколку зборови.

Фото: Принтскрин/Папарацо лов

Останати вести од Радио Милева