Во време кога секојдневно слушаме и читаме за коронавирус преку сите медиумски гласила и на социјалните мрежи, промена со нешто убаво и тоа како ни е добредојдена.
Со доаѓањето на 1-ви декември, на социјалните мрежи се повеќе може да ги видиме новогодишни декорации кои дури и само што светкаат ни носат некоја позитивна енергија, верба и надеж за поубаво утре.
И пејачката Симона Поповска на својот Инстаграм објави кусо видео од новогодишниот амбиент во својот дом.

Фокусираше на прекрасно накитената елка на која доминираат белите лампиони, панделки и цветови.
Нема сомнеж дека новогодишните елки во нашите домови придонесуваат за позитивна енергија која и тоа како ни е потребна на сите.

Нека свети од убаво!