Радио Милева искрена или самобендисана?

Пејачката што во „Ѕвездите на Гранд“ дојде со сопствена приколка и обезбедување, повтроно се јави: „Никогаш повеќе на тоа место како натпреварувач, но сепак би се појавила како нешто друго…“ (ФОТО)

Пејачката што во „Ѕвездите на Гранд“ дојде со сопствена приколка и обезбедување, повтроно се јави: „Никогаш повеќе на тоа место како натпреварувач, но сепак би се појавила како нешто друго…“ (ФОТО)

Пејачката Тијана Кадовиќ, која своевремено се најде во центарот на вниманието на јавноста кога во натпреварувањето на „Ѕвездите на Гранд“, се појави со сопствена комби приколка и свое обезбедување, однесувајќи се како во најмала рака да е Мадона и Ријана. Сега пејачката одново се согласи да зборува за тоа што се случило, појавувајќи се по долгата пауза повторно во медиумите. Тијана откри дали ја напуштила јавната сцена затоа што ја повредиле коментарите во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.

„Ма дајте ќе ве молам! Многумина ме осудија што доаѓав со обезбедување на снимањата.Колешките ми завидуваа“ – рече пејачката, но на прашањето зошто и било потребно сето тоа обезбедување, таа сè уште немаше одговор.

„Моите колеги ми рекоа дека некои членови на жирито едноставно не ме поднесуваат и не ме сакаат. Поради стрес, се здебелив 20 килограми, а со тоа ми беше загрозена и здравствената состојба. Мислам дека бев неправедно исфрлена од натпреварувањето, само затоа што цело време им ја кажував вистината в лице. Заслужив да поминам и да победам. Никогаш повеќе таму не би се појавила како натпреварувач, но затоа можам како жири“ – призна Тијана на „Блиц полиграф“.

To top