Пејачката Александра Младеновиќ, иако отсекогаш знаела дека ќе биде пејачка, астрологијата е нејзино поле на интерес и нешто што на крајот ќе и биде план б во животот.
– Постојано го читам хороскопот, сакам да го читам. Ако не ми се допаѓа тој што ќе го прочитам, одам на друг портал и тој се важи. Пред се верувам во Господ, но ова е мое хоби – откри неодамна пејачката.
Со оглед на тоа што таа рубрика никогаш не ја прескокнува, признава и дека поприлично се разбира кога се во прашање знаците, а пријателите често од неа бараат да им протолкува одредени карактеристики.
– Се надевам дека после ова нема да ми пишуваат за консултации – се пошегува таа неодамна во емисијата „Гранд магазин“.
Таа се присети и на една ситуација кога за малку ќе го откажала настапот поради нејзиниот хороскоп.
– Една година имав прекуокеански лет, а во весникот пишуваше дека таа година не смеам да летам. Веднаш му се јавив на менаџерот да му го кажам тоа, тој полуде и ми кажа дека сум луда и дека веќе имаме договорено. На крајот заминав и еве се враќам цела. Инаку, се плашам од летање, тоа го знаат дури и птиците на гранката – рекла Александра.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Александра Младеновиќ/Дамир Дервишаѓиќ