Радио Милева
до доза на резерва

Пејачката проговори за отворањето страница на „Only Fans“, па изненади со изјавата: „Кај мене се’ е бесплатно“ (фото)

Пејачката проговори за отворањето страница на „Only Fans“, па изненади со изјавата: „Кај мене се’ е бесплатно“ (фото)

Марина Вишковиќ истакна дека секако споделува се’ со своите фанови на мрежите и дека не е неопходно да се отвора профил на веб-страница за возрасни.

Се повеќе јавни личности отвораат профили на веб-страници за возрасни, каде ги продаваат своите провокативни фотографии и на тој начин заработуваат големи суми на пари.

Пејачката Марина Вишковиќ откри дали би се осмелила да отвори профил на „Onlifens“.

– Па, не знам што би споделилa таму со фановите, бидејќи, колку што разбрав, вие споделувате некои ситуации, вашиот ден, вашиот тренинг и некој плаќа toa да го гледа. Но, гледате, јас давам сè бесплатно. И совети и тренинзи, па не би дала ништо повеќе, тоа е тоа – изјави Марина.

Инаку, Марина многу се грижи за својот изглед, а неодамна откри што си направила.

– Си оперирав се’ што сакав. Не гледам никаков проблем во промената на нешто што не ми се допаѓа на моето лице или тело. Впрочем, таквите промени имаат добар ефект врз самодовербата. Најважно е да се има мерка и да не се претера со операциите. Затоа воопшто не ме навредува кога некој за мене вели: „Видете како е оперирана“, изјави претходно Марина за Информер.рс

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева