Радио Милева
морничаво

Пејачката Пинк доживеа непријатна ситуација: Обожавателка од публиката фрли ќеса со пепел пред нејзините нозе (видео)

Пејачката Пинк доживеа непријатна ситуација: Обожавателка од публиката фрли ќеса со пепел пред нејзините нозе (видео)

Американската пејачка Пинк (43) доживеала непријатна ситуација за време на концерт во Хајд Парк кога обожавателка од публиката ѝ фрлил вреќа со пепелта на нејзината покојна мајка пред нозете.

На последниот концерт на американската пејачката Пинк во Лондон, Велика Британија, обожавателка фрли ќеса со пепел на нејзината кремирана мајка.

За среќа, вреќата не се отвори и пепелта не се распрсна, а пејачката продолжи да пее.

На видеото кое кружи на интернет, Пинк ја зема ќесичката со човечките останки фрлена на сцената, потоа ја спушти и си ја доврши песната.

„Ова е навистина морничаво“, „Пинк заврши одлична работа, но луѓето треба да бидат свесни дека не можат да направат такво нешто“, „Какво непочитување кон Пинк“, беа само дел од коментарите.

Фото: Принтскрин/ПА Имаџес/Твитер

Останати вести од Радио Милева