Радио Милева нова фризура

Пејачката Николија Јовановиќ ги изненади фановите со голема промена во изгледот (фото)

Пејачката Николија Јовановиќ ги изненади фановите со голема промена во изгледот (фото)

Пејачката Николија Јовановиќ ги шокираше фановите со нов изглед. Имено, таа ја скрати својата долга коса со што се пофали на Инстаграм.

Николија Јовановиќ откако покажа селфи од авион и покажа како изгледа без трошка шминка, со новите фотографии предизвика бурни реакции на Инстаграм. Пејачката објави две фотографии од лифтот во тесен кожен комбинезон кој одлично ја истакна нејзината линија, но погледите на сите ги фати нејзината фризура.

Иако досега често експериментираше со фризури, овој пат отиде чекор понатаму, а многумина изјавија дека Николија е убава и со кратка коса.

Таа направила неколку селфи фотографии пред огледалото во лифтот со кратка фризура. Иако не откри дали навистина така ја скратила косата или само ставила перика за оваа пригода, фановите се прашуваа: „Каде и е косата?“, но барем засега останаа без одговор.

Сепак, сите и велеа дека изгледа прекрасно и дека оваа фризура одлично и стои, oчигледно е една од оние жени кои изгледаат добро што и да направат, и додека на некои им се допаѓа со долга коса, други тврдат дека сега е поубава.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Николија Јовановиќ

To top