Радио Милева
возбудена

Пејачката Неда Украден задоцнила на сопствениот концерт и на конференцијата која била закажана (фото)

Пејачката Неда Украден задоцнила на сопствениот концерт и на конференцијата која била закажана (фото)

На спектакуларниот концер кој го одржала пејачката во Белград после толку години, и ја наполнила целата сала пејачката задоцнила на настапот и на конференцијата која била најавена за 19 часот.

– Многу сум среќена поради овој концерт. По 47 години се враќам на истото место. Ве молам поштедете го мојот глас, уште 40 песни треба да испеам во живо. Моето семејство е тука, дојдоа да ме поддржат. Најавени се многу изненадувања од почетокот до крајот на концертот – изјавила таа.

Пејачката се качила со лифт на бината, се појавила во долг син фустан, а сцената ја заокружил чад кој бил околу неа. Концертот започнал со песната „Боли, боли“.

Нејзината ќерка цело време ја бодрела од публиката, заедно со неа пеела и ракоплескала, а не криела колку е горда на својата мајка.

Убавата Јелена се облекла специјално за оваа пригода, па своето деколте го истакна во син фустан, а сите погледи беа вперени во неа.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Неда Украден/Ана Денда/Рингиер

Останати вести од Радио Милева