Српската пејачка Индира Арадиновиќ- Инди имаше операција на желудникот, па се опоравуваше еден месец, а потоа сè стана комплицирано, а Инди за жал мораше да претрпи и втора операција.
Српските медиуми постојано известуваат за состојбата на пејачката, а сега таа сподели фотографии со сите на социјалната мрежа Инстаграм.
Инди се наоѓа во Клиничкиот центар на Србија, а во моментов нејзината состојба е стабилна.
Таа на Инсатграм откри што се случува со нејзиното тело.
На втората фотографија што ја објави може да се видат модриците што ги имала на еден ден по операција.
Инаку, додека Инди е хоспитализирана, таа постојано се сеќава на своите пријатели и објавува заеднички фотографии со нив, но нејзиниот профил е речиси празен, бидејќи избришала се што објавуваше претходно.