Радио Милева не ја знае причината

Пејачката и учесничката во „Ѕвездите на Гранд“ претепана пред настап (фото)

Пејачката и учесничката во „Ѕвездите на Гранд“ претепана пред настап (фото)

Пејачката Марина Радосављевиќ, некогашната учесничка во региоаналното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, претепана е на настап во Врњачка Бања.

Таа на својот Фејсбук напиша дека ја претепале двајца маскирани мажи.

Пејачката истакна дека ја напрскале со солзавец, ја турнале на земја и ја удирале со пендраци. Случајот е пријавен во полиција и се работи на негово расчистување.

-Вечерва околу 19и30 часот ми се случи страшна работа, страшна посебно за понежниот пол, а потоа за жена која се занимава со јавен живот, музика. Не можам да верувам, но психички сум толку стабилна што обидот за заплашување, претепување и евентуален обид за убиство може да се сметаат како лошо фунцкионирање на системот и се далеку од срцето и Бог. Дали сме во Тексас, или во Врњачка Бања, Србија? Се чувствувам разочарано и незаштитено. А еве и зошто…Имено, вечерва откако се паркирав пред локалот во кој требаше да имам настап, излегов од автомобилот, двајца крупни мажи без било каква комуникација ме нападнаа, едниот прскаше со солзавец, другиот ме турна на земја и двајцата ме удираа. Кој и да е и што сакал да постигне, треба да се срами, без разлика која е причината. Се надевам во системот и надлежните органи во Врњачка Бања, напиша пејачката.

-Вакви немили случи се случуваат на жени, на нечија ќерка, сестра…па дури тогаш на пејачка. Денес на мене, утре којзнае на кој. И да, ќе кажам уште еднаш, мајмуни срам да ви е, напиша пејачката.

Таа објави и фотографија од својата рака која целата е во завои.

Марина не била достапна за изјави.

фото: фејсбук

To top