Не е голема вест дека пејачките сакаат спортисти и обратно. Се шпекулираше дека Ема Радујко е во врска со познат фудбалер. Некои тврдат дека се работи за „најскапиот“ српски фудбалер Урош Рачиќ (24).
Таа во емисијата „Амиџи шоу“ откри дека пораки и пишувал фудбалерот Душан Влаховиќ. Огњен ја праша Ема кои двајца момци од локалната сцена според неа се најдобри.
– Душан Влаховиќ и Лука Јовиќ, ако може – одговори Ема .
– Дали ти пишал Душан Влаховиќ? – праша Огњен.
– Да, но порано – рече Ема .
– Што ти кажува? – праша Тијана.
– Пораката повеќе не се отовра – рече Ема Радујко.
– И како реагираш на тоа? – праша Огњен.
– Не реагирам, што да одговорам на испратен емотикон – изјави Ема Радујко во емисијата „Амиџи шоу“.
Фото: Инстаграм/emaradujko