Џеси Џеј сподели видео на Инстаграм во кое ги покажала деталите од своето прво тримесечје од бременоста.
„Не можам да ви опишам колку лошо се чувствувам“, открила пејачката во видеото на кое се гледа како плаче во кревет и повеќе пати повраќа.
„Првото тримесечје е најлошо, со среќа другото да биде многу полесно“, „Сочувствувам, се сеќавам колку беше мачно, но доаѓањето на бебето засенува сè“, „Се надевам дека брзо ќе пројде“, се дел од коментарите од нејзините обожаватели под објавата.
View this post on Instagram
За потсетување, откако пред 13 месеци го загуби бебето во спонтан абортус, Џеси Џеј откри дека е повторно бремена.
„Во истовреме сум и среќна и преплашена што го споделувам ова. Ве молам, бидете нежни кон мене“, напишала Џеси во описот на видеото на Инстаграм во кое покажала фотографии од позитивниот тест за бременост и трудничкото стомаче.
View this post on Instagram
Џеси Џеј пред повеќе од една година ја сподели веста за загубата на бебето на Инстаграм. Не откри колку месеци била бремена, но откри дека на третиот ултразвук дознала дека отчукувањата на срцето на бебето повеќе не се слушале. Пејачката додаде и дека „одлучила сама да има дете“ бидејќи тоа ѝ било „животен сон и бидејќи животот е прекраток“.
фото:Инстаграм/Џеси Џеј