Познатата пејачка Теа Таировиќ е позната по своите фатални настапи и комбинации на облека кои не ги оставаат мажите рамнодушни.
Пејачката пеела една од нејзините песни кога доживеала пех пред полната дискотека.
Таировиќ доживеала лоша среќа на настапот во Сињ кога фустанот целосно и се спуштил под силиконите додека играла на една од песните. Фолкерката играала во место, а и онака деколтираниот фустан само се лизнал пред полниот клуб, па јасно се гледа дека публиката била затечена.
– Теа играше и во еден момент сите можеа да и ги видат градите! Цела вечер го креваше фустанот, се гледаше дека е тесен и дека одозгора нема што да го држи правилно. Кога сè падна, за среќа Теа веднаш виде што се случи, ги покри градите и продолжи да танцува. После тоа, за време на настапот ги држеше со рака, не сакаше да танцува за да не се повтори баксузот – раскажал еден соговорник кој случајно се нашол на настапот.
Инаку, не е првпат пејачката да има проблем да ги заузда градите на настап. Со оглед на тоа дека често носи предизвикувачка гардероба, и се случуваат вакви ситуации. Неодамна и испадна брадавицата додека пееше на сплав во Белград, а кога новинарите ја прашаа зошто сѐ уште носи работи со длабоко деколте, таа рече дека сето тоа е дел од шоу-бизнисот.
– Тоа што ми се случи на настап не е ништо страшно. Давам сто проценти од себе и кога танцувам и кога пеам, и нормално е понекогаш фустанот да се движи. Веднаш вратив сè како што беше, јас сум професионалец и не сум единствената која имала толку лоша среќа. Има многу полоши работи што им се случиле на моите колеги на настапи, ова не е никаква сензација – објасни Таировиќ.
@teat111😆✨♬ original sound – Tea Tairovic
Фото: Принтскрин/Приватана Архива