Електра Елит е српска трансродова пејачка која неодамна објави две нови песни, дует со старлетата Мина Врбашки и пејачката Анџелина, а беше и еден од главните изведувачи на EuroPride.
Таа сега крена голема прашина со својата тетоважа, а луѓето не престануваат да го коментираат нејзиниот потег. Имено, Електра на својот грб истетовирала рака која покажува три прста. Ноктите се во боите на српското знаме, а околу зглобот има бројаница со крстче.
Да потсетиме, таа за настапот на Парадата на гордоста носеше фустан во боите на српското знаме, а претходно се пофали дека истетовирала три прста на грбот.
„Јас сум патриот и ја обожавам Србија. Истетовирав три прста на грбот затоа што се гордеам со своето потекло, со тоа од каде сум. Фустанот е во боите на нашето знаме затоа што ми е многу важно да ги почитувам луѓето кои дојдоа вечерва да ме поддржат, како и да и се заблагодарам на нашата земја за се“ – изјави Електра за српски Еспресо.
Инаку, Електра отворено зборува за нејзината примарна работа во Швајцарија.
„Не познавам ниту еден пејач кој работи и настапува 365 дена во годината, а јас професионално се занимавам со проституција веќе 15 години. Ја сакам мојата работа и кога одам во Швајцарија буквално ја бакнувам улицата каде што работам. Таму е тоа легализирано, јас плаќам паушален данок, имам здравствено осигурување и никој не може да не малтретира и експлоатира. Доколку има и најмал проблем со клиентот, полицијата реагира во рок од неколку минути.
Имам мои редовни клиенти кои секогаш ми се враќаат. Кај мене доаѓаат само хетеросексуални мажи за кои транс жената е фантазија. Повеќето мажи од Балканот ми доаѓаат затоа што имаат голема желба да имаат секс со пејачка. Најмногу ми се допаѓаат оженети мажи, дрвосечачи, крупни, силни, мажествени во „крими-џими стил“ – објаснила таа.
Фото: Инстаграм принтскрин/elektraelit