Радио Милева од оправдани причини

„Пеењето мораше да биде со седење“ –  Александар Белов и повреден одржа настап (видео) 

„Пеењето мораше да биде со седење“ –  Александар Белов и повреден одржа настап (видео) 

Македонскиот пејач Александра Белов кој откако се ожени се пресели од Македонија во Крагуевац, Србија  и продолжи да се занимава и да го работи она што најдобро го умее, а тоа е музиката.

Но, овој пат на едно видео кое тој го сподели на неговиот профил особено го привлече вниманието на неговите следбеници.

Имено, Белов цело време пеел седејќи на стол, а неговиот бенд на социјалната мрежа Инстаграм на јавниот профил откри  за што се работи.

„Иако поради повреда, пеењето мораше да биде со седење цела вечер, енергијата на публиката беше на највисоко ниво!

Голема благодарност, Вашиот Белов Бенд!“ –  стоеше до видео објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Belov Band (@belov_band)

Иако од оправдани причини пејачот седел на столчето веселата атмосфера и расположението се гледа нека не недостигале.

Белов сѐ уште не открил колку е сериозно она што го натера овој пат  да не стане од столчето, ниту за каква повреда станува збор, сепак она што остави впечаток е дека пеел со голема енергија, со што  докажа дека е голем професионалец кој не се откажува од настапите дури и кога има некаков здравствен проблем.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Александра Белов/ Белов Бенд

To top