Промотер

„Педро Хоризонте“ со апокалиптично предвидување дека еден ден ова ќе остане – „Земја на еден жител“ (ВИДЕО)

„Педро Хоризонте“ со апокалиптично предвидување дека еден ден ова ќе остане – „Земја на еден жител“ (ВИДЕО)

„Ќе дојде ден ќе нема со кого да разговам. Ќе дојде ден кога сам со себе ќе се договорам. Ќе остане оваа земја сама на себе. И со популација од само еден“.

Вака почнува текстот за новата песна на триото „Педро Хоризонте“ – „Земја на еден жител“, чиј спот премиерно беше промовиран преку „Јутјуб“.

„Педро Хоризонте“ е нов бенд составен од искусни музичари кои повеќе од 25 години се активни на македонската музичка сцена.

Вокалот и басот е на Петар Младеновски – Пеце (Суперхикс), на гитара е Гога Поп Георгиевски, а на тапани e Иво Митковски (екс- АЈ Кју).

Стилски се движат од реге преку панк рок до инди поп со семплови во заднина. Нивниот прв сингл „Земја на еден жител” е миксуван и мастериран од страна на Дени Крстев во Студио 1060 во Скопје, а наскоро најавуваат ЕП и цел албум.

Автори на музиката и аранжманот се тројцата ченови на бендот, стиховите се на Пеце, а таканарачаното карантинско видео го снимил и спакувал тапанарот Иво.

Вака звучи и изгледа „земја на еден жител“ на македонското трио музички мускетари:

To top