„Mia Bella“ е новата песна на македонскиот изведувач и уметник Павле Камилоски, чиишто видео спотови се препознатливи по неговиот боемски шарм и емотивна инспирација.
Истата музичката екипа која за Павлеја создаде и претходната тема, „Универзумот си работи за нас“, ја креираше и „Mia Bella“. Музиката, и аранжманот се дело на Александар Тарабунов, додека текстот е на Ксенија Николова, а режијата на шармантната видеоприказна ја носи Александар Ристовски – Принц.
Пост-продукцијата ја изработува студиото на Тарабунов, а непосредноста во гласот на Павле го истакнува неговиот придружен вокал, Сара Пројковска.
Спотовите на Павле се одликуваат со романтична црта и доминантна префинетост, а тоа во неговата „Mia Bella“ пејачот го доловува во друштво на убавицата Симона Петреска.
Во продолжение проследете ја „Mia Bella“: