Промотер

„Паркети“ ве повикуваат да се качите на покрив – „Ела горе“ (ВИДЕО)

„Паркети“ ве повикуваат да се качите на покрив – „Ела горе“ (ВИДЕО)

Познатиот битолски панк рок бенд „Паркети“ го промовираа новиот сингл „Ела горе“ кој ќе биде и дел и од материјалот за нивниот нов албум.

Новата песна за прв се изведе на настапот во ТВ емисијата „Покрив” на Македонската телевизија. Концертот се снимаше над кулата кај некогашна “Средна стоковна“ која има одличен панорамскиот поглед на цела Битола.

Музиката и текстот за песната се дело на Зоки Паркет, а материјалот од концерниот ТВ настап во видео за песната „го спакувал“ Сашо паркет во  „Fush records“.

Инаку, „Паркети“ се формирани во 1991 година, една деценија по првиот бран на ерата на панк музиката. Првата постава ја сочинуваа Сашо Паркет, Славе Паркет и Себастијан Паркет. Познати се по своите настапи во живо, оригиналниот имиџ и изглед и необичната смисла за хумор.

Слушнете и погледнете како изгледа кога сте таму горе… во „Ела горе“: