Пејачката Доли Партон ја прими наградата “Bezos Courage & Civility Award” вредна 100 милиони долари која милијардерот Џеф Безос ја доделува на активисти, филантропи и хуманитарци кои „храбро бараат решение“ за актуелните светски проблеми.
Безос, во петокот ја најаи наградата заедно со својата долгогодишна партнерка Лорен Санчез. Санчез на Инстаграм објавила дека Партон „е жена која го дава срцето и се води од љубовта и сочувството во секој аспект на својата работа“.
-Едвај чекаме да ги видиме добрините кои ќе ги направи со оваа награда од 100 милиони долари, изјавила таа.
-Мислам дека луѓето кои се во можност да помогнат треба да ги стават своите пари таму каде им се срцето. Ќе дадам се од себе со парите на направам добри работи, изјавила добитничката Партон.
фото:јутјуб принтскрин