Радио Милева

Парче од рајот: Каролина објави фотографија од плажа, а фановите и порачаа – изгледаш пеколно! (фото)

Парче од рајот: Каролина објави фотографија од плажа, а фановите и порачаа – изгледаш пеколно! (фото)

Во полн ек е летната сезона и летните одмори, но и агендата со музички настапи на македонските и регионални пејачи е пополнета.

Македонското девојче, Каролина Гочева по седумте успешни концерти во Скопје, продолжиува да настапува во останатите градови во Македонија, а нејзините фанови имаат прилика да уживаат и да ги пејат нејзините безвременски хитови.

По краткиот одмор, девојчето се враќа на своите ангажмани, а нејзините фанови ќе имаат прилика да уживаат во нејзиниот прекрасен глас и стас.

Карол наскоро ќе има концерт во Охрид, па тој повод го посети најубавиот македонски град и уживаше во неговата прекрасна природа. Таа најде време да се прошета низ туристичката метропола, а на Инстаграм сподели фотогирафија.

Во кратко фустанче со долги ракави во комбинација со патики, македонското девојче изгледа пеколно згодно,а и уште еднаш покажа дека знае за себе да ја одбере најдобарата комбинација.

Нејзините фанови не се штедеа, па и упатија комплименти за нејзиниот изглед.

„Да, Охрид е рај, но ти си бисерот на Македонија“, „Каролинче ти си пеколот“, „Ти си убава“, „Ти си ангел“, се само некои од коментарите кои беа упатени на Гочева.

Инаку, кон почетокот на август, Гочева ќе настапува во Охрид, а потоа нејзините фанови ќе може да ја слушат во Струмица.

фото:принтсркин/инстаграм

To top