Радио Милева

Парче од рајот: Aндријана Јаневска покажа дел од дневната соба во нејзиниот дом (фото)

Парче од рајот: Aндријана Јаневска покажа дел од дневната соба во нејзиниот дом (фото)

Постои една народна поговорка која вели – „Каде и да си дома си“, а особено кога домот е уреден по свој вкус и кога најголемиот дел од времето таму го поминуваме со најмилите и најблиските.

Македонската пејачка Андријана Јаневска заедно со семејството односно со сопругот и двете синчиња живее во населба Бардовци.

Домот на пејачката има огромен двор кој со многу зеленило и цвеќиња, па така изминатиот период додека траеше вонредната состојба и карантинот, на Јаневкса наверојатно не и било проблем бидејќи можела да ужива во своето парче од рајот.

фото: Принтскрин/инстаграм

Пејачката досега неколку пати покажа како изгледа надворешниот дел од домот, а многумина би посакале вакво нешто.

фото: Принтскрин/инстаграм

Меѓутоа, овој пат пејачката откри и дел од ентериерот на нејзина куќа.

Имено, во кратките приказни на „Инстаграм“, Јаневска покажа дел од својата дневна соба во која може да се забележи фиксен телефон, ѕиден часовник, радио, а се тоа и дава посебен шмек на нејзиното домашно катче.

фото: Принтскрин/инстаграм

Нема сомнеж дека пејаката ужива во семејниот мир и оаза.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/andrijana-janevska-go-pokaza-domot-i-gradinata-koja-e-nejziniot-privaten-raj-foto/

To top